Во одбојкарскиот шампионат на Македонија, денеска се играат три натпревари.

По еден натпревар се игра во плејоф конкуренцијата, односно битката за титулата. Актуелниот шампион во машка конкуренција Струмица Никоб првата меч топка за влез во финалето против Работнички ќе ја има вечерва во Скопје, додека во женска конкуренција, во Струмица, на гостувањето кај Наковски волеј во иста ситуација ќе биде екипата на Јанта волеј.

Другите два полуфинални натпревари на програмата се во понеделник и вторник.

Денеска интересно се очекува да биде на бараж средбата во салата „Форца“ во Скопје, каде одбојкарките на Вардар ЕМ и Пелистер волеј ќе решаваат која од овие две екипи ќе избори настап и следната сезона во елитната конкуренција, односно Првата лига.

Битолчанки го добија првиот меч со 3:2 во сетови и се во блага предност. Доколку вардарки славата победа со ист резултат (3:2), тогаш „златниот сет“ ќе решава за победникот.

ПОЛУФИНАЛЕ (во два добиени натпревари)
ЖЕНИ
Сабота 16:30 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ (0-1 во победи)
Вторник 17:30 ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ (0-1 во победи


МАЖИ
Сабота 20:30 РАБОТНИЧКИ – СТРУМИЦА НИКОБ (0-1 во победи)
Понеделник 19:00 ГОК БОРЕЦ – ШКЕДНИЈА (0-1 во победи)

Бараж за опстанок Прва лига
Сабота 15.00
Вардар ЕМ – Пелистер Волеј (прв меч 2:3 во сетови)
* може да се игра „златен сет“