Во СЦ „Јане Сандански“, денеска и утре ќе се одржи силен меѓународен турнирот во таеквондо, на кој се очекува настап на голем број олимписки, светски и континентални носители на медал во овој спорт од целиот свет.

станува збор за ВТ Г1 турнирот кој е дел од „Рамус меѓународните турнир“, а преку кои натпреварувачите бркаат бодови за исполнување на олимписката норма.

Денеска на програмата се натпреварите во јуниорска и кадетска конкуренција, во која Македонија ќе ја претставуваат: Андреј Василевски, Дамјан Рајковски, Дарко Ѓорѓиев, Давид Божиновски, Филип Блажевски, Христијан Симоновски, Лука Ангелов и Сара Рамадановска Јовановска, а во кадетска конкуренција Антонио Негријевски, Дамјан Василевски и Стефан Димовски.

За утре со почеток од 9 часот) се закажани борбите во сениорска конкуренција во кој љубителите на спортот ќе имаат можност да не дело да во видат настапот и да го бодрат нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски. Носителот на сребрен медал од ОИ во Токио, ќе има сериозни противници во настојувањето повторно да обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Париз.

Покрај Дејан во сениорска конкуренција ќе настапат:  Анамарија Георгиевска, Филип Додевски, Филип Стаменов, Фросина Рајковска, Иво Сандев, Мила Рељиќ и Сања Попоска.

Важноста на добриот настап и резултат на овој турнир си го прави своето, па затоа самите македонски репрезентативци како и Таеквондо федерацијата на Македонија ги повикуваат сите вљубеници во спортот, да дојдат во „Јане Сандански“ и да им дадат поддршка на нашите таеквондисти.