По неочекуваниот минато неделен пораз на гостувањето кај Алкалоид, како и тешко извојуваната победа во Кавадарци кај Тиквеш, главните претенденти за шампионскиот трофеј во домашното, македонско ракометно првенство, Вардар и Еурофарм Пелистер сега немаат право на грешка.

Вардарци ја „прокоцкаа“ важната победа над Битолчани, па сега двата имаат идентичен број на бодови.

Први викендов (денеска) ќе играат пелистерци кои го пречекуваат незгодниот Бутел, додека утре (недела) вардарци ги чека пладневната средба со Пролет.

Дербито на осмата рунда ќе се игра во салата Автокоманда, каде трето пласираниот Алкалоид го пречекува Тиквеш кој е на 4-тото место на табелата.

Во плеј-аут конкуренцијата, по вчерашниот нерешен резултат со Јуниор Кисела Вода, ракометарите на Куманово им даваат шанса на конкурентите од Голден Арт КЛ7 со победа над неготински Вардар, да избијат на првото место на табелата во оваа конкуренција.

СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈОФ – 8 КОЛО
САБОТА

16:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ
19:00 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
НЕДЕЛА
12:00 ПРОЛЕТ – ВАРДАР
20:00 АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ

ТАБЕЛА
1 ВАРДАР 21 бод
2 Е. ПЕЛИСТЕР 21
3 АЛКАЛОИД 18
4 ТИКВЕШ 10
5 БУТЕЛ 7
6 Е. ПЕЛИСТЕР2 7
7 ОХРИД 6
8 ПРОЛЕТ 5

СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ АУТ – 8  КОЛО
САБОТА
17:00 ГОЛДЕН АРТ КЛ7 –  ВАРДАР Неготино
НЕДЕЛА          
17:00 РАДОВИШ –ПРИЛЕП
ПЕТОК
СТРУГА – СКОПЈЕ 31-25
КУМАНОВО – ЈУНИОР К.В 24-24

ТАБЕЛА 
1 КУМАНОВО 20
2 ГОЛДЕН АРТ КЛ7 18
3 СТРУГА 12
4 ПРИЛЕП 14
5 СКОПЈЕ 2020 12
6 ВАРДАР НЕГОТИНО 10
7 ЈУНИОР К.В. 8
8 РАДОВИШ 2