Арсенал преживеа вистинска драма во лондонското дерби со Вест Хем кое заврши со минимална победа на „топчиите“ со 1–0.
Херој на денот е Леандро Тросар кој ја затресе мрежата во 84.минута по една голема мешаница. Неговиот удар во шеснаесетникот доби незгодна траекторија и го остави голманот Мадс Хермансен без никаква помош.
Во судиското дополнение (90+5), Њест Хем постигна гол, односно Вилсон. Сепак судијата Крис Кавана и неговите асистенти од ВАР собата мораа да ја донесат најтешката одлука сезонава. По долго прегледување на снимката голот беше поништен, поради прекршок над гостинскиот голман Раја.
Оваа победа значи дека „топчиите“ остануваат лидери на табелата со 79 бодови на своето конто. Трката за шампионскиот пехар меѓу Арсенал и Манчестер Сити сега влегува во својата најжешка фаза. Сити „дише во врат“ со пет бода помалку, но и натпревар помалку.
Вест Хем останува закован во опасната зона на 18 место кое води во понизок ранг, со само бод победа од Тотенхем.
































