Со трите натпревари што ќе се одиграа попладнево, комплетирано е 31 коло во Првата македонска фудбалска лига.

На две кола до краjот на првенството познати се сега трите тима што следната сезона ќе играат во понизок ранг. На одамна отпишаниот Шкупи, од денеска во Втората лига следната сезона ќе му се приклучат екипите на Работнички и Македонија Ѓорче Петров.

Дуелот во Стримица, меѓу АП Брера и Работнички заврши беа победник 2-2.

Гостите почнаа фантастично и со голот на Хоџа веќе во 28-мата секунда поведе со 0-1. Но, Никола Величковски со два гола (2 и 31.минута) за пресврти и водство на домаќините за 2-1. Иако во вториот дел гостите од Скопје имаат играл помалку (исклучен Белица), сепак успеаја да израмнат на 2-2 преку Бошнаков. Сепак, тоа не беше доволно „романтичарите“ да избегнат пад во второлигашката конкуренција, во која за прв пат ќе играат следната сезона.

Ѓорчепетровци денеска загубија на домашен терен и тоа убедливо од Тиквеш со 1-4, па и тие како и Работнички ќе се преселат во Втората лига. Во последниот денешен дуел Арсими и Бапкими одиграа ббез победмник 1-1.

Така во последните две кола ќе се решава кои два тима ќе играа во баражот за опстанок. Башкими (41) е во поповолна ситуација бидејќи има бодовна предност од конкурентите, Арсими (40), АП Брера (37) и Пелистер (36 бодови).

ПРВА ЛИГА – 31 КОЛО

Недела
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1-4
АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 2-2
АРСИМИ – БАШКИМИ 1-1
Сабота
ВАРДАР – СИЛЕКС 2-1
ШКЕНДИЈА – СТРУГА Т.Л. 3-1
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 7-0

Standings provided by Sofascore