Екипата на Париз Сен Жермен е вториот финалист во фудбалската Лига на шампиони. Ова откако вечерва во реванш полуфиналниот натпревар, одигран во Минхен, дуелот Парижаните одиграа 1-1 со Баерн и ја сочуваат предноста (5-4) од првиот натпревар.
Натпреварот започна со „студен туш“ за домаќините уште во третата минута. Во брзата контра и одличното додавање на Кварацкелија, на вистинското место беше Усман Дембеле и му донесе предност на ПСЖ од 0-1.
Германскиот шампион се обидуваше со сите сили да ја надополни негативата, но парижаните играа дисциплинирано во одбраната. ПСЖ шпак се закани со неколку нови кантри, но Ноер не дозволи втор пат неговата мрежа да биде затресена.
И во вториот дел иста слика. Навидум гостите ја препушта теренската иницијатива на Баер, кој никако не наоѓаше простор да го загрози голот на ПСЖ. Така беше се до судиското дополнение кога Хари Кејн со ефектен гол го израмни резултатот на 1-1. Сепак тој гол дојде предоцна, немаше време за Баварците за втор погодок за да се изборат за продолжение.
Така ПСЖ втора година во низа (вкупно трет пат), ќе игра во финале, а ќе го брани трофејот од лани. За противник ПСЖ во финалето закажано за 30 мај во Будимпешта ќе го има Арсенал кој синоќа го елиминира Атлетико Мадрид.


































