Екипата на Њујорк Никс поведе со 2-0 во полуфиналето на Источната конференција на НБА лигата, против тимот на Филаделфија.
Никс макесимално ја искористија предноста на домашниот терен и ноќеска во „Медисон Сквер Гарден“ славеа на Филаделфија со со 108-102. Натпреварот беше драматичен со 25 промени на водство и 14 нерешени резултати, што е рекорд во плејофот во последните 11 години.
Џејлен Брансон постигна 26 поени и клучните кошеви во завршницата. ОГ Ануноби додаде 24 поени, но го напушти теренот пред крајот поради повреда. Карл-Ентони Таунс имаше дабл-дабл со 20 поени и 10 скока на кои додаде седум асистенции, придонесувајќи за стабилноста на Никсите. Тимот веќе стана првиот со три последователни плејоф победи со најмалку 25 поени разлика.
Филаделфија играше без Џоел Ембид, кој има повреди на колкот и глуждот. Тајрис Макси постигна 26 поени и беше најдобар стрелец за гостите. „76ерс“ покажаа борбеност, но не успеаја да ја задржат предноста во завршницата.
Серијата продолжува во Филаделфија каде ќе се играат следните два натпревари, а наредниот е веќе во петок.




































