Главниот фаворит за влез во Супер лигата, со голем предизвик на гостински терен во Аеродром.
Во исчекување сме на уште еден богат и интересен викенд во Првата македонска ракометна лига, каде што највпечатлив натпревар е дуелот меѓу Голден Арт и Мулти Есенс.
Непоразениот досега Мулти Есенс, на гостински терен ќе ги одмери силите со третиот пласираниот Голден Арт, во „дербито“ на 11-то коло.
„Ова ќе биде еден цврст и воедно интересен натпревар, каде што мислам дека клучна ќе биде одбраната. Убеден сум дека сме доволно подготвени и подготвени за натпреварот и ќе дадеме се од себе за позитивен резултат. Подобриот нека победи“,
вели Олег Јорданов, левиот бек на Мулти Есенс.
Натпреварот ќе се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ вечерва со почеток во 19:30 часот.
Текст: Марио Петровски