МЗТ Скопје Аеродром ја започнува одбраната на титулата против Пелистер во полуфиналето на кошаркарската Супер лигата.
„Металците“ не влегуваат како благи фаворити, но битолчани имаат што да кажат, особено по победата на гостински терен пред десетина дена.
Регуларниот дел од сезоната донесе пет порази за МЗТ, еден службен, што ги остави зад ТФТ на табелата. Последниот пораз го претрпеа токму од Пелистер, на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“. Битолчани славеа со 85:74, иако разликата можеше да биде и поголема без последната четвртина на домаќините.
Претходно, во првиот дел од сезоната, МЗТ победи во Битола со 72:67 и дома со 87:73..
Пелистер влезе во полуфиналето со пет победи по ред во ТОП 6 фазата, што им донесе голема самодоверба.
Тренерот Боро Даскаловски и неговите играчи сакаат да ја репризираат победата во Скопје и да изненадат фаворитот. Искуството е на страната на МЗТ, кој знае како се освојуваат трофеи и како се играат плеј-оф натпревари. Пелистер се потпира на младоста на Митревски, Стојановски и Крстевски, како и на странските кошаркари со ограничено плеј-оф искуство.
Натпреварот во „Јане Сандански“ ќе почне од 19 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇



































