Денеска ќе ги дознаеме финалистите во фудбалскиот Куп на Македонија, откако во Кратово и Куманово, ќе се играат реванш полуфиналните натпревари.
Силекс и тетовска Шкендија влегуваат како големи фаворити за пласман во завршницата против мотивираните второлигаши.
Кратовскиот тим досега учествувал во пет финалиња, а последен пат се бореше за трофејот во 2022 година. Силекс ќе се обиде да го искористи домашниот терен по ремито 1-1 во првиот меч со Охрид.
Тетовската Шкендија има уште побогата историја со осум одиграни финалиња во најмасовното домашно натпреварување. Нивното последно појавување во финалниот меч беше во 2021 година кога стигнаа до трофејот.
Актуелниот шампион со предност од еден гол (3-2) влегува во дуелот со арачиновска Шкендија.
Овие натпревари се клучни за излез на меѓународната сцена преку Купот на Македонија во претстојната сезона. Охрид и Шкендија Арачиново сонуваат за прво историско финале и рушење на доминацијата на фаворизираните прволигаши.
Почетокот на двата натпревари е закажан во 16 часот.




































