Ракометарите на Вардар утре против Монпелје ќе го играат реванш четвртфиналниот натпревар во ЕХФ Европската лига.
Вардарци се пред „не возможна“ мисија, бидејќи треба да надополнат 10 голови негатива од првиот меч во Франција.
Сепак чуда се случувале и ќе се случуваат, вели тренерот на црвено-црните Иван Чупиќ.
„Се подготвуваме и сакам сите да веруваат. Во оваа сала е многу тешко да се игра, а сите нè почитуваат. Мора да се одиграме во најдобро светло и да веруваме дека можеме да ја стигнеме разликата. Може ќе ми кажете дека сум будала, но никој не ни брани да сонуваме и веруваме“, изјави Чупиќ.
Велат „надежта последна умира“, па тоа сигурно важи за вардарци и нивните верни навивачи „Комити“ кои секако ќе бидат голема помош за црвено-црните.
Утрешниот натпревар меѓу Вардар и Монпелје ќе почне од 20.45 часот.



































