Попладнево, во Струмица, продолжува финалната борба за шампионскиот трофеј во женското одбојкарско првенство на Македонија.
Одбојкарките на Наковски волеј и Работнички денеска ќе го играат третиот меч од финалето.
Предноста на домашниот терен се покажа како пресудена во претходните две соочувања на овие екипи. Струмичанки го добија првиот меч, по неизвесна борба со 3-2 во сетови, а скопјанки загубија сет помалку (3-1).
Одбојкарките на двете екипи добро се познаваат меѓусебно, па речиси е невозможно да има некоја поголемо изненадување. И овојпат најверојатно ќе пресуди поголемата борбеност и мотивираност.
Денешниот дуел меѓу Наковски волеј и Работнички ќе почне во терминот од 17.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

































