Фудбалерите на Ливерпул во недела го пречекуваат Арсенал на „Енфилд“ во дербито од 30-тото коло на Премиер лига.
„Црвените“ се во резултатска криза и веќе врзаа четири меча без триумф, а во последното коло ремизираа со Челзи на „Стемфорд Бриџ“ и тоа без голови 0:0.
Менаџерот Ливерпул, Јирген Клоп , истакна дека тимот мора да покаже карактер:
„Не знам што точно можете да кажете за нас во овој момент!? Играме на „Енфилд“, дома сме и мора да покажеме реакција и напредок. На домашен натпревар, публиката може да биде голема помош“,
изјави Клоп.
Задачата нема да биде ни малку лесна бидејќи гостува водечката екипа на табелата Арсенал кој има 8 бодови повеќе од Манчестер Сити, и ќе стори се да остане така, смета Германецот, кој го посочува тренерот Микел Артета како еден од најзаслужните за одличната сезона на „топџиите“.
„Артета гради систем веќе неколку години и резултатот е навистина импресивен. Тоа е мешавина од добар фудбал и екстремни емоции. Тоа е добар начин на игра“ ,
анализира Клоп.
Неделниот меч меѓу Ливерпил и Арсенал ќе се игра во терминот од 17:30 часот