Женското одбојкарско првенство е во кулминација во си фелните дуели за шампионскиот трофеј. Денеска на програмата е вториот меч меѓу одбојкарките на Работнички и Наковски волеј.

Струмичката екипа има предност од 1:0 во победи во серијата што се игра на три добиени меча. Првиот натпревар во Струмица, во кој беа одиграни максимални пет сета, покажа дека во ова финале ќе се води голема борба.

Веројатно предноста на домашниот терен ќе биде и решавачка. Сега неа ќе ја имаат одбојкарките на Работнички, за кои ова е петто финале во низа. Тие го бркаат четвртиот шампионски трофеј во последните пет години, откако лани го загубија финалето со Јанта волеј.

Струмичанки пак, го играат првото свое финале. Иако најмногу покажаа во регуларниот дел од сезоната, одбојкарките на Наковски волеј останаа без трофеј во Купот.

Мотив на двете страни сигурно нема да не достасува, а која екипа ќе биде поконцентрирана, веројатно ќе го добие денепниот дуел.

Натпреварот ќе се игра во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, а ќе почне од 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇

Следете нé на социјалните мрежи