Екипата на Крива Паланка поведе со 1-0 против Бадел во финалната серија на плеј-офот на Првата лига во женска конкуренција.
Првиот натпревар од серијата „подобар во пет натпревари“, кошаркарките на Крива Паланка го добија пред своите навивачи со 81:64.
Уште во првото полувреме домашните кошаркарките направија голема предност. Откако првиот период го добија со 24:17, во вториот, домашните кошаркарки ја удвоија предноста, па на одморот заминаа со двоцифрена позитива 44:29. Тоа беше повеќе од доволно за мирно да го одиграат второто полувреме и да го приведат мечот во своја полза.
Американката, Робинсон беше најефикасна со 30 поени, а дови поддршка од Ниехуес која оствари дабл-дабл со 17.поени и 10.скока, како и капитенот Алексовска која заврши со 15 поени.
Во екипата на Бадел, Клири оствари двоен учинок од 19.поени и 12.скока, а дабл-дабл имаше и Петрушевска со 11 поени и 10 скока.
И следниот натпревар ќе се игра во Крива Паланка во текот на претстојниот викенд, по што серијата се сели во Скопје.


































