Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар, се враќа на големата европска сцена по нешто повеќе од едномесечна пауза. Вечерва во Франција, вардарци гостуваат кај моќниот Монпелје во првиот четвртфинален дуел од ЕХФ Европската лига.

Тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ на располагање го има комплетен состав и најавува максимална борбеност против поранешниот европски првак на негов терен. Монпелје ја носи фаворитската улога според светските обложувалници, но традицијата и искуството на Вардар се сериозен адут во овој двомеч.

Вардар и Монпелје низ историјата одиграа вкупно 11 натпревари во кои владее апсолутна изедначеност со по пет победи за двете екипи и едно реми. Последниот официјален дуел се одигра на 16 февруари 2022 година во Франција кога македонскиот шампион славеше со 28:25 во рамките на Лигата на шампионите.

Денешната средба започнува во 20:45 часот, а може да ја ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

Реваншот е закажан за 5 мај во Скопје, а победникот од ова соочување ќе обезбеди виза за фајнал-фор турнирот.

Следете нé на социјалните мрежи