Никола Јокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до победа над Минесота со која Нагетси се спасија од елиминација во првата плеј-пф рунда.

Нагетс славеа со 125-113 на домашен терен и ја намалија предноста на противникот на 3-2 во победи.

Јокиќ ја врати препознатливата ефикасност и целосно го контролираше нападот. Српскиот центар натпреварот го заврши со 27 поени, 16 асистенции и 12 скокови. Покрај доминацијата на Јокиќ, во победничкиот состав се истакна и Џамал Мареј кој додаде 24 поени во важната победа за опстанок. Изненадувањето на вечерта беше Спенсер Џонс со 20 поени, погодувајќи четири тројки како замена за повредениот Арон Гордон во стартната петорка. Серијата сега се враќа во Минеаполис каде Денвер ќе се обиде да избори седми натпревар во оваа драматична полуфинална пресметка на Западот.

Шампионот Оклахома Сити обезбеди пласман во следната рунда откако го елиминираше Феникс Санс со максимални 4-0 во победите.

Тим на Тандер доминираше на гостински терен и славеше со 131-122 за комплетна „метла“ против тимот на Санс. Првата ѕвезда Шеј Гилџус-Александер повторно беше незапирлив. Тој ја предводеше листата на стрелци со фантастични 31 поен и четири украдени топки. Центарот Чет Холмгрен го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок од 24 поени и 12 скокови. Со оваа победа Оклахома стана првиот тим во плејофот кој со сигурни четири победи обезбеди место во конференциското полуфинале оваа сезона.