Одбојкарките на Наковски волеј ја искористија предноста на домашниот терен и ја остварија првата победа во финалето од плеј-офот.

Струмичанки поведоа со 1:0 во победи во финалето против Работнички кого денеска го добија во пет сета. По нешто повеќе од два часа игра Наковски волеј го доби мечот со 3:2 во сетови.

Првиот сет домашните одбојкарски го добија лесно за само 16 минути игра со 25-19.

Во вториот подобра игра на гостинските од Скопје, кои беа рамноправни во текот на целиот сет. Во финишот тимот на Работнички одигра по концентрирано и го доби со 23-25 за израмнување на 1:1. Тоа како да им даде дополнителен мотив на одбојкарките на Работнички кои во третиот сет од играа на посакуваното ниво. Го решија во своја полза со 19-25 за водство од 1:2 во светови.

Сепак, домашниот тим не се предаде, напротив.Одб8јксрките на Наковски волеј одиграа како во првиот сет. Го добија четвртиот со 25-17 и израмнија на 2:2.

Во решавачкиот петти сет, се водеше голема борба за секој поен. На крајот домашните одбојкарки имаа повеќе нерви и концентрацијата, го добија со 15-13, а мечот со 3:2.

Финалната серија се игра во три добиени меча, а следниот е во Скопје, на теренот на Работнички.