Кошаркарите на битолски Пелистер впиша нова победа во Супер лигата. Во последниот натпревар од претпоследното, 4.коло, на ТОП-6 фазата, Пелистер славеше на гостувањето кај шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 74-85.

На почетокот аеродромци отворија подобро. По нецели три минути МЗТ имаше двоцифрена предност 11-1, а потоа и 14-1. Битолчани тешко стигаат до кошот на противникот, а по четири минути игра постигнаа само три поени, сите од линијата за слободни фрлања. Сепак на првата пауза МЗТ имаше само три поени предност (21-18). По само две минути игра во вториот квартал, битолчани за прв пат поведоа со 23-24. Веќе во 19.минута Пелистер имаше одиграна предност +11 (35-46), за на полувреме да заминат со +9 (37-46).

МЗТ второто полувреме го почна со дванаесет не одговорени поени. Пелистер немаше постигнато поени речиси четири минути, па домаќинот поведе со 49-46. До крајот на периодот, неколкуте промашени зицери и долгите безидејно во нападите, резултираа само со пет поени за сино-белите. Затоа пелистерци беа оние кои во последната четвртина влегоа со предност (54-61). Избрани изеде на Борче Даскаловски продолжија да го ,,мелат” шампионот. Во 37.минута зелено-белите имаа и најголеми +23 (62-85). На крајот Пелистер славеше со конечни 74-85 .

На коло пред крај, веќе се дефинирани и полуфиналните двојки. ТФТ кој ќе заврши како прво рангирани, ќе игра против четврто пласираниот Маџари. Повторното полуфинале ќе играат МЗТ Скопје и Пелистер.