Фудбалерите на Вардар се радуваа на денешниот триумф на кумановски Башкими на гостувањето во Тетово кај Шкендија.
Актуелниот шампион Шкендија загуби пред своите навивачи од Башкими со 2-3 во последниот натпревар од 29-тото прволигашко коло. Овој резултат оди во полза на Вардар кој сега има четири бодови предност во односот на тетовскиот ривал за шампионскиот трофеј.
Во воведните девет минути беа постигнати два гола, на двете страни. Домаќините преку Тамба го отвори резултатот во петата минута и поведоа со 1-0. Но, веќе во деветтата, Аворнио го израмни резултатот на 1-1. А, токму по акцијата на Аворнио и неговото уфрлање во шеснаесетникот на домаќините, Никел Ор на ефектен начин донесе водство на Башкими од 1-2.
Истиот фудбалер само две минути подоцна зголемени и на 1-3 за гостите. Но, постигнувањето на овој гол сигурно ќе донесе бројни реакции. Домаќините бараа офсајд, а по сигестија од ВАР собата, судијата Бафто ја прегледа снимката и покажа на центарот.
Во вториот дел тетовци тргнаа многу поофанзивно. Таквата игра донесе гол кога Ибраими во 65.минута намали на 2-3. Капитенот Ибраими и во 83.минута ја затресе гостинската мрежа, но од недозволена офсајд ситуација, па голот не важеше.
Вардарци кои денеска се радуваа на победата на Башкими веќе во следното коло ќе му гостуваат на овој тим. Но, каде ќе се игра тој натпревар допрва треба да биде објавено. Ова откако ФФМ го суспендира теренот на Кумановци на четири натпревари. Екипата на Шкендија пак ја чека тешкот гостување во Кратово кај Силекс. До крајот на шампионатот остануваат четири кола.


























