Новиот селектор на женската репрезентација на Македонија, Милош Гавриловиќ го објави поширокиот список за претстојната акција, настап во Европската лига.
На списокот се 26 одбојкарки, од кои дури девет дебитираа. Сестрите Сара и Даниела Горбок, Кариа Трифуновска, Јована Каленикова, Матеа Сотировска, Стефанија Кипријановска и Андреа Митиќ, како и Софија Тенчева и Сара Димитриоска.
Од поискусните репрезентативки отсуствуваат Тамара Стојанова, Антонија Баталаковска, како и Ана Павлоска кои од приватни причини или поради работни обврски не можеа да се стават на располагање на селекторот Гавриловиќ за оваа акција, но на нив ќе се смета и на следните собири.
Првата прозивка е на 13 мај во хотелот „Континентал“ во Скопје, а комплетните подготовки одбојкарките ќе ги одработи во СЦ „Форца“ во Скопје. Во пресрет на првиот турнир ќе одигра пријателски двомеч со селекцијата на Косово, на 29 и 30 мај.
Девојките настапот во Европската лига 2026 го започнуваат во Порто, каде се игра првиот турнир. На 6 јуни за противник ја имаат Унгарија, додека на 7 јуни играат со Португалија. Од таму продолжуваат за Шпанија, во Аликанте, каде домаќинот ги пречекува на 12 јуни, а ден подоцна се соочуваат со Азербејџан. Македонија настапот во годинешното издание го завршува на домашен терен кога во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 19 јуни ќе ги измери силите со Хрватска, додека на 21 јуни против Словенија ќе го комплетира учеството.
































