Борбата за опстанок во машката кошаркарска Супер лига достигнува кулминација. Само две кола остануваат до крајот на сезоната.

Екипата на Работнички моментално предност од две победи повеќе во однос на директниот конкурент Феникс во плеј-аут сегментот.

Составот на Феникс денеска гостува кај Чаир во натпревар кој има огромно значење за нивниот суперлигашки статус. Само триумф во салата „Шабан Трстена“ ги задржува теоретските шанси на Феникс за спас од преселба во понизок ранг.

Дури и со победа, не е гаранција. Феникс ќе зависи од исходот на дуелот меѓу МКК Куманово и Работнички кој се игра утре. Доколку Работнички слави во Куманово, прашањето околу последниот патник во Првата лига ќе биде официјално решено.

Ангели и Гостивар ќе го одиграат својот меѓусебен натпревар без резултатски притисок бидејќи двете екипи веќе ги загубија шансите за опстанок. Овој дуел е закажан за денеска во салата „Независна Македонија“.

Во ТОП-6 сегментот каде дилемите околу полуфиналистите се разрешени денеска ќе се игра само еден натпревар. Во него Тиквеш и Кожув ќе играат дуел без резултатско значење, бидејќи двете екипи ги загубија шансите за плеј-офот.

СУПЕР ЛИГА | ТОП-6 | 4 КОЛО

Сабота 25.април
18.00 ТИКВЕШ – КОЖУВ
Недела 26 април
13.00 ТФТ – МАЏАРИ
Понеделник 27 април
20.30 МЗТ СКОПЈЕ A. – ПЕЛИСТЕР

СУПЕР ЛИГА | ПЛЕЈ-АУТ | 4 КОЛО

Сабота 25 април
17.00 АНГЕЛИ – ГОСТИВАР
19.00 ЧАИР – ФЕНИКС
Недела 26 април
18.00 МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ

Standings provided by Sofascore