Викендов на програмата е 22.коло од женската Супер и Прва лига, со неколку интересни дуели.

Денес ќе се одиграат три натпревари, од кои два се во рамките на Супер лигата. Со почеток од 13:00 часот, Ѓорче Петров гостува кај Куманово, натпревар кој се очекува да донесе интересна и неизвесна борба на теренот.

Во истиот термин ќе се одигра и натпреварот помеѓу Чаир и Пелистер 2012, кој ќе се игра во спортската сала „7-Март“. Чаир во овој натпревар ја има фаворитската улога и се очекува лесно да стигне до бодови.

Од Првата лига, во 14:30 часот во Прилеп, во салата „Р.Р. Ричко“, ќе се сретнат екипите на Деспина и Шампион. За натпреварите помеѓу Спартак – Астибо и Ѓорче Петров МРК – Овче Поле сè уште нема одредени термини. Во ова коло слободни се екипите на Атлетик и Вардар.

Ивона Кимовска