Прволигашката фудбалска конкуренција кај нас, денеска носи само еден натпревар.

Тоа е дуелот од 29.коло во кој Македонија Ѓорче Петров го пречекува Работнички. Уште пет кола остануваат до крајот на сезоната, па денешниот веројатно е последна шанса за домаќинот да остана во игра за опстанок.

„Лавовите“ од Ѓорче се претпоследни на табелата со четири бодови помалку од Работнички. Двата тима се во зоната за испаѓање, а заостануваат зад Пелистер и АП Брера кои се на позициите што носат бара за опстанок.

Затоа освојувањето на трите бода се императив за двете екипи. Натпреварот ќе почне од 16 часот.

ПРВА ЛИГА – 29 КОЛО

сабота – 25 април
16.00 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РАБОТНИЧКИ
недела – 26 април
16.00 ВАРДАР – ТИКВЕШ
16.00 АП БРЕРА – ПЕЛИСТЕР
понеделник – 27 април
14.00 СТРУГА Т.Л. – СИЛЕКС
16.00 ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ
петок
АРСИМИ – ШКУПИ 5-1

Standings provided by Sofascore