Ракометниот клуб Охрид веќе испишаа голем дел од европска клупска историја. Популарните охридски „гладијатори“ изборија полуфинале во ЕХФ Европскиот куп. Но, тие тука не застануваат и сакаат да испишат нови успешни страници.
Охриѓани првата можност за тоа ќе ја имаат попладнево на гостувањето во Словенија кај екипата на Целје.
Денеска овие два тима ќе го играат првиот меѓусебен натпревар од полуфиналната рунда, во третото квалитативно европско клупско натпреварување. Избраниците на Ројевиќ знаат дека задачата нема да биде ни малку лесна, бидејќи се соочуваат со силен противник.
Целје влегува како фаворит во пресметката против Охрид што ќе се игра во арената „Златорог“. Домаќините имаат импресивна низа од дванаесет последователни победи на домашен терен во сите конкуренции оваа сезона. Поранешниот европски шампион од 2004 година доминира и во домашното првенство и е на првото место на табелата. Целје веќе го обезбеди трофејот во Купот на Словенија по драматичната победа над екипата на Слован по изведување пенали.
Охриѓани допатуваа во Словенија со максимални осум победи во досегашниот тек на европското натпреварување. Тренерот на Ројевиќ најави храбра игра и борба за секоја топка со цел поволен резултат пред реваншот во Охрид. И на ова гостување нема да изостане поддршката за охридските „гладијатори“, бидејќи има најада дека дел од “рибарите“ веќе се во Словенија.
Денешниот дуел меѓу Целје и Охрид ќе почне во 18 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
Реванш натпреварот ќе се одигра во салата „Билјанини Извори“ на 2 мај (19 часот).































