Ракометарите на Вардар вечерва може да го освојат вториот трофеј сезонава на домашната сцена.
Откако во неделата ја одбранија куп титулата, вардарци денес ја имаат можност да ја освојат и шампионската титула.
Вардарци вечерва ќе го играат натпреварот од 6.коло во плеј-оф конкуренцијата, а противник е тимот на Алкалоид.
На пет кола до крајот Вардар има 8 бодови повеќе од ривалите Охрид и Еурофарм Пелистер. Доколку вечерва Вардар слави во дуелот со Алкалоид, во најмала рака ќе ја сочува предноста, па последните четири кола ќе бидат формалност.
Во таква ситуација, избраниците на Иван Чупиќ ќе може комплетно да се посветат на предизвикот на европската сцена. Црвено-црните веќе во вторник ги чека првиот меч од четвртфиналето на Европската лига против францускиот Монпеље и тоа во Скопје.
Вардарци во пресрет на денешниот меч со Алкалоид ги повикаа своите верни навивачи, заеднички да го прослават 65-тиот роденден и враќањето на шампионскиот трофеј во Скопје.
Денешниот дуел меѓу Вардар и Алкалоид што ќе почне во 18 часот, а можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ👇👇👇



































