Вечерва се играат реванш натпревари од полуфиналето во Првата македонска кошаркарска лига кои можат да ги дадат финалистите.
Овие два натпревари носат огромна тензија бидејќи влогот е пласман во борбата за титулата.
Екипите на Струмица и Бутел веќе имаат почетна предност по првиот полуфинален круг и имаат можност да обезбедат финале. Од друга страна, Борец баскет и Соколи 1933 мораат да победат за да изборат решавачка мајсторка.
Во Велес, екипата на Борец баскет ќе ја пречека Струмица со почеток во 19 часот.
Домашниот состав има императив за победа по поразот на првото соочување во Струмица. Салата „Гемиџии“ во регуларниот дел од сезоната беше вистинска тврдина за многу екипи. Борец е не поразен на домашен терен, а вечерва ќе има и голема поддршка од навивачите. Се очекува голема борба во текот на сите четириесет минути пред верната велешка публика.
Истовремено (19часот), во салата „Иван Хаџи Николов“, Бутел го пречекува составот на Соколи од Штип.
Домашната екипа има огромна предност по големиот „брејк“ што го направија на гостински терен. Бутел сега ја има првата меч-топка пред своите навивачи за затворање на серијата. Како дебитанти, тие сонуваат за финале и пласман во елитната Супер лига следната сезона. Штипските соколи ќе мора да одиграат перфектен натпревар за да ја продолжат надежта за успех.
Љубителите на кошарката очекуваат неизвесни завршници и квалитетна игра на двата терени. Дали ќе ги дознаеме финалистите или ќе гледаме решавачки, трети, натпревари ќе знаеме доцна вечерва.
Двата дуели може да ГИ ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇




































