Натпреварите помеѓу Работнички и Шкендија, како и вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар, се во центарот на вниманието на македонската фудбалска јавност денеска. Овие дуели можат многу да го одредат правецот во кој ќе се одвива битката за шампионскиот трофеј, до крајот на сезоната.
Лидерот Вардар гостува кај Пелистер во Битола со предност од три бода пред својот најголем ривал на табелата. Вардарци имаат 61 бод и влегуваат во „вечното дерби“ по убедливата победа над Македонија Ѓорче Петров во претходното коло. Нивниот противник Пелистер се наоѓа на 10-тото место со 25 бодови и очајно му се потребни поени за опстанок. Битолчани покажаа дека можат да бидат „кобни“ за фаборитите за трофејот. Минатиот викенд зелено-белите во Тетово го изненадија тимот на Шкендија со триумф од 2-1.
По тој пораз Шкендија која е второпласирана заостанува три бодови зад Вардар. Тетовци денеска му гостува на Работнички на националната арена во Скопје. Тетовци едноставно мора да победат за да го задржат притисокот врз Вардар по неочекуваниот пораз од Пелистер. Работнички моментално ја зазема 11-тата позиција со 25 бодови како и Пелистер кој е десетти. „Романтичарите“ се наоѓа во одлична форма со четири победи во низа. Како ќе изгледа трката за шампионскиот трофејот, останува да видиме по денешните натпревари.
Прв ќесе игра оној меѓу Работнички и Шкендија на теренот крај ФФМ во Скопје, а ќе почне од 15.30 часот. Вечното дерби во Битола, меѓу Пелистер и Вардар ќе се игра под рефлектори, а почетокот е во 20 часот.
Двата натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇





































