Македонската машка одбојка ќе добие нов шампион по седум години, откако Штип УГД и Борец обезбедија место во финалето на плејофот. Двата тима ја потврдија фаворитската улога и без проблеми ги затворија полуфиналните серии.
Борец ја прекина долгогодишната доминација на Струмица, која седум години ја освојуваше титулата. Велешани славеа со 3:1 во сетови (25:21, 19:25, 20:25, 20:25) и во првиот и во вториот натпревар. Во реваншот домаќините поведоа со 1:0, но Борец се врати и комплетно го сврте резултатот, покажувајќи зрелост и карактер.
Штипјани со две максимални победи над Работнички со 3:0 (21:25, 12:25, 15:25), најавија напад на двојната круна сезонава. Тимот кој неодамна го одбрани Куп трофејот, играше сигурно и доминираше во сите сегменти, оставајќи го противникот без реална шанса за изненадување.
Финалната серија ќе се игра во три добиени дуели и започнува средината на април на теренот на Штип УГД. Борбата за титулата ветува голема неизвесност, бидејќи двата тима влегуваат со одлична форма и амбиција да ја запишат историјата.
Потсетување дека неодамна овие две екипи играа и во финалето на Купот, кој го одбранија штипјани.




































