Македонската ракометна легенда Стојанче Стоилов ќе ја почне својата тренерска кариера.

Легендарниот македонски репрезентативец веќе подолг период е во тренерските води. Тој е дел од стручниот штаб на Кирил Лазаров во македонската сениорска репрезентација.

Стоилов на два натпревари го водеше и РК Вардар и тоа во дуелите со Еурофарм Пелистер. Сепак раководството на Вардар не се речи минатото лето да му даде шанса, па популарниот Столе се повлече од клубот.

Сега, тој ќе седне на „кормилото“ на суперлигашот Бутел, а на местото на Горан Кузманоски.

Иако ова во моментот не е официјално потврдено, сепак тоа треба да се случи утре. Имено од таборот на РК Бутел за утре закажаа прес-конференција на која покрај претседателот Бојан Спасовски ќе присуствува и „новиот тренер“ (Стоилов).