Бранителот на трофејот од минатата година тимот на Штип УГД е првиот кој обезбеди финале во годинапото издание.

До своето трето финале купот штипјани во полуфиналето одиграно во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа актуелниот првак Струмица во три сета. Шип УГД ја оправда фаворитската улога добивајќи го мечот против подмладениот струмички тим со 25:17, 25:18 и 25:12.
Овој дуел беше реприза на минатогодишното финале, го освои својот втор куп трофеј. Бранителит на трофејот и ќе има можност да атакува на „хет-трик“ (трета титула по ред) и тоа веќе утре.

Имено за утре, закажано е финалето во кое штипјани за противник ќе го имаат победникот од дуелот меѓу велешки Борец и тимот на Работнички, кој ќе започне во 19:30 часот.

Во истиот термин утре (19.30 часот) ќе се игра машкото финале, а претходно (17.30) на програмата е женското. Во него одбојкарките на Вардар ЕМ ќе го предизвикаат бранителот на трофејот Наковски волеј.