Како вовед во дуелот Данска – Македонија од квалификациите за Светското првенство, попладнево свој настап ќе има и младата македонска репрезентација.
Селекцијата на Македонија до 21 година попладнево ќе го игра седмиот натпревар од квалификациите за ЕП 2027-ма. Македонските младинци во Емполи и гостуваат на Италија во натпревар од 7.коло на Е групата.
Азурите важат за фаворити, иако во првиот меѓусебен дуел се помачија да стигнат до трите бода освоени со минималната победа со 0-1.
Италијанците се втори на табелата. Тие имаат три бода помалку од лидерот Полска во трка за местото што директно води на шампионатот. Нашата селекција е претпоследна со само една победа и дури пет порази, три во низа.
Успеат ли да извлечат бод и да останат не поразени избраниците на Горан Станиќ, тоа ќе биде одличен резултат.
Но, дали ќе се случи тоа останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 18.15 часот.

































