Фудбалската репрезентација на Македонија, втор ден е собрана во Скопје каде одработува мини подготовки за дуелот со Данска.
Позитивното расположение, и вербата во успех, може дополнително да биде зголемена со поддршката од навивачите. Затоа денешниот тренинг на македонските фудбалери ќе биде од отворен карактер.
Репрезентативците повикуваат „Денеска се гледаме на тренинг“.
Пред заминувањето за Копенхаген, закажано за утре (15 часот), македонските фудбалери очекуваат навивачите да ја изразат својата поддршка.
Тренингот што ќе се одржи на теренот крај ФФМ ќе биде отворен за јавноста, а ќе почне од 16 часот.
Бараж дуел за пласман на Светското првенство, против Данска, Македонија ќе го игра во четврток (26 април) во Копенхаген.


































