Првите трофеи сезонава во македонската клупска одбојка ќе бидат поделени на завршниот тирнир во Купот чиј домаќин ќе биде Скопје.

Денеска со ждрепка беа одредени двојките за полуфиналните натпревари во двете конкуренции (мажи и жени).

Тридневната програма во СЦ “Јане Сандански“ ќе почне со женските полуфинални дуели, во четврток 26 март.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Газели Волеј и Вардар ЕМ, додека вториот дуел ќе претставува „финале пред финалето“ меѓу Наковски Волеј и Младост УГД.

Ден подоцна (27 март) мажите ќе се борат за место во финалето. Во првиот полуфинален меч ќе играат ланските финалисти Штип УГД и Струмица, а во вториот велешки Борец и Работнички.

Победниците од овие натпревари на 28 март (сабота) ќе се борат за трофеите.

ОДБОЈКАРСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА

полуфинале – жени (26 март)
17:30Ч. ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – ВАРДАР ЕМ
19:30Ч. НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД
полуфинале – мажи (27 март)
17:30Ч. ШТИП УГД – СТРУМИЦА 47&72
19:30Ч. ГОК БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 71&22
ФИНАЛЕ (28 март)
17:30ч. ФИНАЛЕ ЖЕНИ
19:30ч. ФИНАЛЕ МАЖИ