Кошаркарите на Работнички славеј очекувана победа во дуелот со Ангели во воведниот меч од 20.коло на су6пер лигата.
Натпреварот одигран во салата ,,Лазар Лечиќ” во Градски парк, Работнички го доби убедливо со 40 поени разлика 107:67.
домаќините триумфот го најавија уште во првиот квартал кој го добија со двојна разлика 16 поени. Се натаму мина во знакот на домашниот состав кои имаше повеќемина кошаркари со двоцифрен број на поени.
Виктор Ефремовски беше прво име кај победникот со постигнати 26 поени. Рикиќ оствари дабл-дабл учинок со 20 поени и 10 скока. Грушановиќ меч го заврши 19, Костовски со 15, а Петровски кој додаде 13.
Со оваа победа работнички се проби на шестото место на табелата со 28 бодови колку што има и Чаир, а еден повеќе од Куманово. Овие две екипи своите натпревари ќе ги играат во текот на викендот.



































