Ракометарите на Охрид веќе иуспишаа историја за свокот клуб, кога во прашање е настапот на европската сцена. Охриѓани се меѓу осумте најдобри екипи вцо третото по квалитет натпревареуѕвање ЕХФ Европскиот куп.
Тимот на Охрид го чека нов предизвик, пласман во полуфиналето. Задачата нема да биде ни малку лесна имајќи во предвид дека за противник ќе го имаат грчкиот тим на Олимпијакос. Во договор на двата клуба, а по барање на Европската ракометна федерација, двата натпревари, во Атина и Охрид, ќе се играат без присуство на гостински навивачи.
„Имајќи ги во предвид немилите настани кои се случија за време на одигрувањето на финалниот натпревар во ЕХФ Купот во натпреварувачката сезона 2024/2025 кој требаше да се одигра во Скопје помеѓу екипите на РК Алкалоид од Република Македонија и РК АЕК од Република Грција, а кој поради веќе познати причини не беше одигран.
Ве информираме дека по барање на Европската Ракометна Федерација, ГРК Охрид и РК Олимпијакос по меѓусебната комуникација овие минати денови, а со цел да биде избегната ситуација слична или иста на онаа од минатата година, заеднички одлучија дека двете екипи нема да вршат продажба на билети на гостински навивачи и симпатизери на натпреварите на кои ќе се јават како организатори од четврт-финалната фаза на ЕХФ Европскиот Куп.
СРЦ Билјанини Извори Охрид“, се вели во соопштението на ГРК Охрид
Првиот меч во Атина ќе се игра на 29 март (17 часот), а реваншот во Охрид на 4 април од 18 часот.




































