Речиси цела Србија утрово осамна под снежна голема покривка.

Тоа секако ќе создаде и големи проблеми и главоболки околу организацијата и одигрувањето на фудбалските натпреварите од вонредното 29.коло во српската Супер лига.

Поучени од некои претходни искуства, се шпекулираше дека натпреварите може да се одложат, но како што тврди директорот на натпреварувањето, Александар Пивиќ, тоа не би требало да се случи.

„Засега нема доцнења. Во постојан комуницираме со клубовите и засега нема најави за тоа. Денеска се игра само во Крушевац, каде до 18 часот треба да се расчисти теренот на стадионот Младост. Утре се игра во Хумска, каде Партизан ги вклучи греалките. Единствено место каде што може да има проблеми се натпреварите во четврток, кои се играат во Крагуевац, Ивањица и Нови Пазар, но искрено се надевам дека дотогаш снегот ќе престане и се ќе се одигра според планираното“, изјави Пивиќ.

Со оглед на тоа дека кај нас за утре се закажани се полуфиналните натпревари во Купот, а воедно се најавуваат и снежни врнежи во Македонија, а останува да се надеваме овојпат ноштото време ќе не одмине и дека сепак утре ќе гледаме фудбал на македонските терени.