Минатата недела шкотскиот тренер Алекс Фергусон беше примен во „куќата на славните“ во Премиер лигата заедно со Французинот Арсен Венгер, а сега легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед ќе добие уште едно големо признание. И 40 години откако го освои.
Еве за што всушност се работи.
Имено, пред да го преземе Манчестер Јунајтед, Фергусон беше тренер на шкотскиот Абердин во периодот од 1978 до 1986 година, а со овој тим во 1983 година го освои Купот на победниците на куповите победувајќи го Реал Мадрид во продолженијата.
Но, правилата беа такви што само играчите добиваа медал за постигнатиот успех, а УЕФА сега одлучи да го поправи тоа и признанија ќе им бидат доделени и на членовите на стручниот штаб предводени од легендарниот Алекс Фергусон.

„Ви благодарам на сите за укажаната чест и навистина многу ми значи што го добив ова признание“,
кратко изјави Фергусон.
Наградата на најтрофејниот менаџер во англискиот фудбал ќе му биде врачена на 12 мај на посебна свечена церемонија.





































