Елиминациската фаза по групи во ракометниот Куп на Македонија, е актуелна деновиве. По одигрувањето на натпреварите во четирите групи ќе ги дознаеме учесниците на завршниот „фајнал-фор“.
Пред промоција на прв полуфиналист е актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. Битолчани пред својата публика во салата „Боро Чурлевски“ денеска ќе играат против екипата на Прилеп. Двата тима ги убедливо добија првите натпревари против Струга и Драчево, па попладнево ќе играат меѓусебно за пласман во полуфиналето. Пелистерци се апсолутни фаворити во денешниот меч, а тоа само ќе треба да го потврдат во мечот што ќе почне од 16 часот.
Во иста улога се и ракометарите на Охрид кои се домаќини на групата „В“, а кои денеска ќе играат против кавадаречки Тиквеш. Во оваа група се и екипите на Куманово и Младост Богданци, кои својот меч ќе го играат во недела.
КУП НА МАКЕДОНИЈА МАЖИ – ЕЛИМИНАЦИСКА РУНДА
| А група (Јане Сандански) сабота 12.00 МУЛТИ ЕСЕНС – Е.ПЕЛИСТЕР 2 14.30 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР Финале 19.00 | В група (Биљанини извири) петок 18.00 ТИКВЕШ – ОХРИД недела 13.00 КУМАНОВО – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ Финале 18.00 |
| Б група (Автокоманда) сабота 11.00 РАДОВИШ – АЛКАЛОИД 13.30 ПРОЛЕТ – МАКЕДОНИЈА ЃП Финале 19.30 | Г група (Боро Чурлевски) четврток ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА 44-19 РИЛЕП – ДРАЧЕВО 41-34 петок 16.00 E.ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП |



































