Како и лани, така и годинава, финалниот турнир во одбојкарскиот Куп на Македонија, во машка конкуренција, ќе има исти учесници. Ова откако екипите на Штип УГД, Струмица, Борец и Работнички обезбедија пласман во полуфиналето.
Бранителот на трофејот Штип УГД место на „фдајнал-форот“ обезбеди со победата над Лирија во четвртфиналето со 3:0 (25:13, 25:10, 25:9). Работнички очекувано славеше над Универзитет во Тетово, исто така во три сета (25:21, 25:22, 25:23).
Само по три сета одиграа и актуелниот шампион Струмица и велешки Борец, во дуелите со Шкендија и Сушево.
Струмичани го добија дуелот со Шкендија со 3:0 по сетови 25:20, 25 :21, 25:14, а велешани со 3:0 (25:16, 25:14, 25:19) го совлада Сушево.
Кај дамите познати се три од четирите учесници на завршницата. Таму имаше големи изненадувања со елиминациите на Јанта волеј и Работнички. Последниот патник на „фајнал-форот“ ќе го дознаеме на 11 март за кога е закажан дуелот меѓу Газели Волеј – Пелистер Воле.
































