Машката македонска кошаркарска репрезентација е во Азербејџан, каде утре ќе го игра четвртиот натпревар во претквалификациите за Евробаскетот 2029. 

Македонија со три победи во исто толку натпревари е лидер во групата А, во која Азербејџан со гостинската победа над Ирска е трет со два бода помалку (4). Тој триумф пак на Азербејџан ги зголемува амбициите во трката за едно од двете места што водат во понатамошниот тек од квалификациите. 

На првиот меч во Скопје, Македонија славеше убедливо против Азербејџан со 38 разлика, па јасно е зошто Андреј Јамимовски верува во нов успех.  

„Азербејџан. Со нив игравме еден натпревар дома.
Знаеме какви играчи имаат, каква репрезентација.

Се надевам дека ќе одиграме натпревар. Имаме краток временски период на подготовка, но мислам дека може од таму да се вратиме“,
изјави Јакимовски.

Утрешниот натпревар што ќе се игра во „Баку спортс палас“ ќе почне од 17 часот.

Следете нé на социјалните мрежи