Одбојкарскиот Куп на Македонија носи возбудливи четвртфинални дуели во двете кпонкуренции (мажи и жени).
Бранителот на титулата од лани Штип УГД ќе игра против Лирија. Актуелниот шампион Струмица ќе се соочи со Шкендија. Екипата на Работнички за противник ќе го има Универзитет во Тетово, а последната двојка е ГОК Борец против Сушево.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ МАЖИ
Струмица 47&72 – Шкендија
Штип УГД – Лирија
Работнички 71&22 – Универзитет во Тетово
ГОК Борец – Сушево
Кај жените ждрепката донесе дерби Газели Волеј против Пелистер Волеј. Тимот на Наковски Волеј ќе игра ја има улогата на домаќин во градското дерби против Струмица. Одбојкарките на Младост УГД ќе го пречека ланскиот финалист Јанта Волеј и актуелен шампион. Тимот на Работнички против Вардар ЕМ ќе се сретнат во уште едно дерби.
Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат на 4 март. Победниците обезбедуваат место на финалниот турнир.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЖЕНИ
Газели Волеј – Пелистер Волеј
Наковски Волеј – Струмица жени
Младост УГД – Јанта Волеј КВ
Работнички Скопје – Вардар ЕМ
































