Македонскиот вице-првак Вардар, вчера ја впиша првата победа во втората фаза од ЕХФ Европската лига. Со триумфот над Мелсунген, вардарци остануваат во игра за позициите што водат во разигрувањето.

Црвено-врните сега заостануваат два бода зад германскиот тим (6), а имаат 4 како и Бенфика. Токму португалската екипа ќе биде следниот противник на вардарци во Европската лига.

Од таборот на Вардар денеска информацијата дека карате за овој натпревар, закажан за 3 март во Скопје се веќе во продажба.

Картите може да се купат на онлајн (овде) и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот, по цена од 250 до 400 денари.

Следете нé на социјалните мрежи