Прволигашката фудбалска конкуренција односно нејзиното 19.коло од денеска нуди и два натпревари.
Првиот од нив е оној во Кратово и тоа дерби дуел. Во него екипата на Силекс која е на четвртото место на табелата го пречекува актуелниот шампион Шкендија кој е трето рангиран.
Во трка за позициите кои возат на европската сцена, но и во потера по лидерот на табелата Вардар, на двата тима им се неопходни трите бода. Тетовци веќе заостануваат 9 во однос на вардарци, а Силекс пак има големо заостанување од дури 7 бодови зад Струга ТЛ и Шкендија, односно 16 зад Вардар. Затоа триумфот и полниот плен е императив за две екипи.
Дербито во Кратово ќе почне од 13 часот, а еден час подоцна (14) ќе стартува и вториот натпревар. Во него фенерџијата и веќе отпишаниот Шкупи е домаќин екипата на Арсими, која се бори за бегство од опасната зона.





































