Охрид продолжува да пишува историја на европската ракометна сцена. Охриѓани и по втор пат беа подобри од екипата на Дукла во осминафиналната рунда на ЕХФ Европскиот Куп.
Откако пред својата публика во Охрид славеа со девет, денеска во Прага „гладијаторите“ победија со шест разлика 30-24.
Избраниците на Борис Ројевиќ уште во првото полувреме ја имаа контролата врз играта и на паузата заминаа со предност од 15-13. Во вториот дел темпото беше засилено, а охридските „гладијатори“ не му дозволија на противникот да се закани. Рутински го одработија мечот и ја запишаа шестата победа сезонава.
Најдобри стрелци беа Прибетиќ и Ојлески со по четири голови, додека голманот Пилиповиќ блесна со 12 одбрани.
Охрид со пласманот во ТОП-8 го направи најголемиот успех на меѓународната сцена, а сега ќе го чека противникот за четвртфиналето дуели закажани за 28/29 март и 4/5 април.

































