Крива Паланка е вториот финалист на 34-тото издание од завршниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ во Македонска Каменица. Во полуфиналето Крива Паланка ја совлада екипата на Бадел со убедливи 81:45.
Натпреварот започна со силен ритам на Крива Паланка, која за само осум минути стекна двојна предност (20:10), а на крајот на првата четвртина водеше со 25:10. Бадел имаше големи проблеми со реализацијата, па на полувремето предноста на Крива Паланка изнесуваше +20 (42:22).
Тука веќе беше јасно дека вториот дел ќе биде само формалноста, па на крајот Крива Паланка заслужено се радуваше на победата.
Робинсон го заврши овој полуфинален меч со 26, а Алексовска застана на 17 поени
Така, кошаркарките на Крива Паланка, утре во своето прво финале во Купот за трофејот ќе играат против домаќинот и актуелен шампион Баскет кам.




































