Последен ден на 34-то издание на кошаркарскиот Куп на Македонија чиј домаќин е Куманово. Тој е резервиран за големото финале по кое ќе го дознаеме и освојувачот на трофејот.
А за него ќе се борат кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и домаќинот Куманово.
Аеродромци ќе имаат благата улога на фаворити, барем според рејтингот и играчкиот квалитет. Тие ќе се обидат четврти пат во низа да го одбранат трофејот, кој досега го имаат освоено дури 13 пати.
Кумановци ќе имаат поддршката од домашната публика. Тоа ќе биде нивниот фаворит во второто финале за овој клуб во нивната историја. Во единственото досега во 2013 година, кумановци беа поразени токму од денешниот противник МЗТ Скопје.
Кој ќе се радува на Куп трофејот ќе видиме во финалниот меч што ќе почне од 19 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇





























