Старата Дама во свој стил, со минимални 1-0 ја совлада Верона на домашен терен и дополнително се доближи до топ 4 позициите на табелата.

Единствениот гол на натпреварот беше дело на Италијанецот, Моис Кин, кој во 56. минута доби одлична топка од Локатели, па мирно реализираше.

Верона својата најголема шанса за изедначување ја имаше во 83. минута кога Филипо Теракијано одлично шутираше, но Војчех Шчесни ја сочува својата мрежа.

Јувентус сега со 44 бода е на седмата позиција, но само четири бода далеку од четвртатата позиција што носи пласман во Лигата на шампионите.