Со двата денешни натпревари што ќе се играат во различен термин, ќе биде комплетирано 17 коло во Првата фудбалска лига.
Првиот на програмата е од 13 часот, во Струмица каде екипата на Брера ја пречекува Македонија Ѓорче Петров.
Струмичани се осмина табелата со 19 бодови, само два помалку од седмо рангираниот Тиквеш кој засега е во зоната за опстанок во елитната конкуренција. „Лавовите“ од Ѓорче пак, заостануваат 6 бодови зад кавадарчани. Затоа за нив секој освоен бод во продолжението на сезоната ќе значи шанса повеќе да се избегне испаѓањето од лигата.
Еден час подоцна од 14 во Битола, Пелистер ќе го дочека претпоследно рангираниот Работнички.
О за битолчани кој досега освоија 16 бодови важи истото, за разлика од Работнички кој е претпоследен со само седум освоени бодови.
Потсетување дека прволигашката конкуренција директно ќе ја напуштат трите најлошо рангирани екипи, додека 8 и 9 пласираните ќе играат бараж. Одамна е јасно дека Шкупи е еден од тимовите кој ќе се пресели во второлигашката конкуренција.
ПРВА ЛИГА – 17 КОЛО
Четврток (12 февруари)
13.00 БРЕРА СТРУМИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
14.00 ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
Одиграни
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-0
ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-6
ВАРДАР – АРСИМИ 5-1
СИЛЕКС – БАШКИМИ 0-0





































