Смената на тренерската позиција на клупата на Баерн Минхен вроди со плод, Баварците го надигаа главниот конкурент, Борусија Дортмунд.
Автоголот на Кобел во 13. минута ја навести лошата вечер на гостите од Дортмунд, кои за 23 минути примија дури три погодоци. Томас Милер во 18 и 23 минута донесе убедливи 3-0 за својот тим.
Кошмарната вечер за Борусија продолжи и во вториот дел, кога Кингсли Коман во 51. минута повторно ја затресе мрежата на Кобел.
Чупо Могинг во 59. погоди за 5-0, но неговиот гол беше поништен поради ВАР.
Избраниците на Терзиќ преку Емре Чан во 72. и Мален во 90. минута го ублажија поразот на 4-2.
Со оваа победа Баерн го презеде врвот токму од вечерашниот противник, Борусија Дортмунд.